Среќен роденден Дејан!

Вчера репрезентативецот на Македонија во редовите на Веспрем, Дејан Манасков одигра одлична партија против Балатонфуреди и постигна шест гола. Тој имаше блескава партија на ден пред својот роденден. Денеска полни 27 години.

Роденден има и ракометарот кој до ланската сезона играше во редовите на Вардар, Мартин Поповски. Тој денеска го прославува 25. роденден.

И Тамара Темелковска која е ракометарка на Металург е меѓу славничките. Таа денеска го слави 16. роденден.

Денеска роденден има и едно многу познато име на ракометот од Романија. Кристина Неагу која е ракометарка на ЧСМ Букурешт ќе наполни 31 година.

Среќен роденден Дејан, Мартин, Тамара и Кристина!