Веројатно нема некој од македонските вљубеници во ракометот што не слушнал за доскорешниот играч на Вардар, Игор Карачиќ. Малкумина го знаат неговиот брат Иван Карачиќ, а веројатно никој не го слушнал името на Павле Карачиќ.
Овој харизматичен ракометар, кој има 27 години, настапува за шведскиот Ескилстуна Гуиф, а во неговите квалитети имавме можност да се увериме на турнирот во Струга. Тој беше клучен играч во ремито со Бутел Скопје, а го постигна и израмнувачкиот погодок.
Карачиќ игра на десната крилна позиција, а потекнува од составот на Лунд. Потоа играл за Хенштет, германскиот Ајнтрахт Хаген, пред да се врати во шведскиот АИК.
За 24Ракомет, Павле откри дека Игор и Иван му се подалечни роднини и дека додека Игор играл за Борац Бања Лука ги сретнал во земјата на неговите родители, Босна и Херцеговина.
“Го следам Вардар, многу ми се допаѓа што македонскиот ракомет и многу е убаво да се види дека овој спорт е национален во Македонија”, вели Карачиќ за 24Ракомет ТВ.
Целосната изјава погледнете ја во продолжение…


