Меѓу славениците денеска има неколку ракометари кои не се од Македонија. На списокот се наоѓа репрезентативецот на Словенија, кој е член на Висла Плоцк, Игор Жабиќ. Тој денеска ќе го прослави својот 27 роденден.
Роденден слави и Шпанецот од Адемар, Гонзало Кару Марсел. Тој полни 40 години.
И Белорусинот Александар Бачко, кој игра за Мешков Брест на списокот, а тој ќе наполни 30 години.
Свен Крајнер, Швајцарецот кој го носи дресот на Вакер Тун денеска ќе полни 28 години.
Својот 29 роденден ќе го прослави Швеѓанката Филипа Иден. Таа е ракометарка на Брест од Франција.
Среќен роденден Игор, Гонзало, Александар, Свен и Филипа!


