Машката кадетска репрезентација на Македонија ја очекува настапот на Светското првенство, кое што ќе се одржи од 6 до 18 август во Скопје.
Кадетите под водство на Данило Брестовац работеа во Струга и во Маврово, а селекторот во разговорот за 24Ракомет ТВ вели дека нема да им наметнува притисок на играчите.
„Не сакам да поставувам дополнителен притисок на играчите, но една главна цел е осминафинале, а јас би сакал да стигнеме до четвртфинале“, вели Брестовац.
Целосната изјава на селекторот погледнете ја во видео прилогот…


