Бојан Спасовски ја продолжи соработката со Бутел Скопје

Капитенот на Бутел Скопје, Бојан Спасовски и во новата сезона ќе го носи дресот на македонскиот претставник во ЕХФ Купот. Бескомпромисниот борец во одбраната беше еден од најзаслужните за големиот успех минатата сезона. Поранешниот член на Пролет, Вардар Јуниор и Охрид, очекува добар настап на Бутел и на европска сцена.

„Останувам во Бутел Скопје уште една сезона и се надевам дека повторно ќе го предводам тимот до најголемиот клупски успех како што тоа беше лани. Имавме одлична соработка со тренерот Котевски, а се надевам ќе биде ист случај и со новиот предводник Грчевски. Што се однесува до играчкиот кадар, екипата го задржа костурот и беше засилена со уште тројца ракометари. Сите екипи работат на трансфер пазарот и не очекува интересна Суперлига. Ние ги стартуваме подготовките в недела, ќе работиме една седмица во Пехчево, а потоа ќе бидеме дел и од Струшкиот турнир. Раководството ни ги овозможува сите услови, а нас ни останува да мислиме само на играта. Покрај домашните обврски, ќе бидеме активни и на меѓународна сцена во ЕХФ Купот, каде исто така очекувам достојно претставување на Бутел Скопје и на Македонија“, изјави Спасовски.

Претходно договорите со Бутел ги продолжија Мајиќ, Печенковски, Мојсоски, Младеновски и Блажески.