Ракометарите на Веспрем, кои ќе бидат ривал на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите во новата сезона, денеска означија старт на подготовките. Под водство на Давид Дејвис, како и кондицискиот тренер Марија Лојаница, унгарскиот тим тргна во новата сезона.
На првиот собир беше присутен Вуко Борозан, додека единствен што беше отсутен е Рожерио Мораес, кој ќе се приклучи по завршувањето на Пан Американските игри. Дојдоа другите нови засилувања – голманите Цупара и Секељи, како и бековите Лауге Шмит, Јахија и Пачковски.
Веспрем ќе смета на 20 ракометари во пресрет на новата сезона, од кои секогаш четворица ќе мора да бидат надвор од ростерот за дуелите во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата.


