Поголем дел од германските екипи во машка и женска конкуренција ги започнаа своите подготовки за новата сезона пред десетина дена.
Таков е случајот и со женскиот вицепрвак Турингер, каде што настапува Јована Саздовска и машкиот тим на Штутгарт, каде во новата сезона ќе игра Жарко Пешевски.
Турингер и Штутгарт првата фаза од подготовките ја минуваат во австриска област Тирол на планина далеку од градските гужви. Спокојот што го нуди ова место одвреме навреме е прекинат од ѕвонците на овците, козите и кравите што пасат трева наоколу…
Освен звуците од овие животни, на планинските места има многу спа и велнес центри, но ракометарите и ракометарките немаат премногу време за опуштање во нив, бидејќи напорно тренираат два, а некогаш и по три пати на ден…







