Голманката која бранеше на Европското првенство во ракомет на песок, а е дел и од голманската тројка на Металург, Бисера Паскал денеска го предводи тимот на славеници. Бисера денеска ќе го прослави 23. роденден.
Грузиецот кој во минатата сезона го носеше дресот на Констанца, Иракли Чиковани денеска ќе наполни 30 години.
Украинецот кој заедно со Жарко Пешевски играше во Мотор, Антон Тереков денеска полни 27 години.
Млад ракометар од Унгарија кој е дел од Веспрем ќе го прослави 20. роденден. Се работи за Урош Борзас.
Црногорката Николина Вукчевиќ, која е дел од Будуќност денеска полни 19 години.
И Швеѓанката Линеа Петерсон е меѓу ракометарките кои слават роденден. Таа е дел од Савехоф, а денеска ќе наполни 24 години.


