Еден од играчите кои редовно им создаваат проблеми на македонските клубови, особено на Вардар, но и на репрезентацијата на Македонија, Исланѓанецот Арон Палмарсон денеска ја предводи листата на славеници. Играчот на Барселона денеска го прославува својот 29 роденден.
Русинот од Чеховски медведи, Павел Андреев е исто така на денешниот список. Тој полни 27 години.
Јаник Колбахер, репрезентативецот на Германија и играч на Рајн Некар, пак, денеска ќе наполни 24 години.
И Хрватот Иван Векиќ е меѓу славениците. Тој денеска ќе го прослави 21. роденден.
Швеѓанката Натали Хагман која минатата сезона ја мина во редовите на ЧСМ Букурешт, денеска го слави 28. роденден.
И репрезентативката на Црна Гора, Бобана Кликовац исто така е меѓу славеничките, а полни 24 години.
Списокот го затвора ракометарката на Турингер, Германката Мајке Шмелцер, која денеска го прославува 26. роденден.
Среќен роденден Арон, Павел, Јаник, Иван, Натали, Бобана и Мајке!


