Среќен роденден Кирил!

Поранешниот репрезентативец на Македонија, кој на Мундијалот во 2015 година во Франција доби шанса кај тогашниот селектор Лино Червар, Кирил Колев денеска прославува роденден. Колев денеска полни 41 година.

И репрезентативецот на Германија и играч на Кил, Штефен Вајнхолд денеска ќе слави, а тој ќе наполни 33 години.

Уште едно познато име е меѓу славениците. Играчот на ПСЖ и на Франција, Недим Ремили денеска го слави својот 24. роденден.

Среќен роденден Кирил, Штефен и Недим!