Нант под водство на новиот тренер Алберто Ентрериос го донесе првото засилување на голманската позиција, а станува збор за 21-годишниот голман од Данска, Емил Нилсен. Тој од следната сезона ќе биде опција за голот на клубот кој ќе се натпреварува во Купот на ЕХФ, а потпиша договор до 2021 година.
Емил Нилсен во Нант пристигнува од Скјерн каде што бранеше две години пред да направи трансфер во тимот од Франција. Тој сениорската професионална кариера ја има почнато во домашното првенство во екипата на Архус каде што бранеше две години. Досега, Нилсен има запишано и репрезентативни настапи за Данска и тоа во селекцијата до 18 години.
Нилсен ќе ја сочинува голманската тројка во составот на Нант заедно со Сирил Димулан и Кевин Бонефо. За следната сезона Нант не обезбедни настап во Лигата на шампионитем но ќе се натпреварува во ЕХФ купот каде што Нилсен ќе има можност да дебитира во натпреварувањето.


