Среќен роденден!

На 2 јули има неколку познати имиња во светот на ракометот кои слават роденден. Се работи за познати репрезентативци на силни селекции.

Германецот Хендрик Пекелер кој настапува за екипата на Кил, денеска ќе го прослави својот 28 роденден.

Исланѓанецот Александер Петерсон, кој е клупски колега на Филип Талески е веќе меѓу ветераните. Тој ќе наполни 39 години.

И Французинката Манон Хојет, која го носи дресот на Мец има причина за славење, а тоа е 27. роденден.

Среќен роденден Хендрик, Александер и Манон!