Поранешен соиграч ќе му биде тренер на Лазаров во Нант

Како што се очекуваше и најавуваше, нов тренер на францускиот Нант, каде што настапува Кире Лазаров ќе биде Алберто Ентрериос.

Поранешниот соиграч на нашиот капитен во Сиудад Реал, кој му беше помошник на досегашниот тренер Тјери Анти, седнува на жешкото столче.

Откако Нант остана без место во Лигата на шампионите и ќе мора да игра во ЕХФ Купот, раководството реши да ја прекине соработката со Анти, кој ќе продолжи во Спортинг Лисабон.