Клупската и репрезентативна сезона веќе е зад нас. Дел од ракометарите овој вакуум период го искористија за свадбени веселби, дел од нив веќе одмораат.
Левото крило Бојан Маџовски по една сезона во Металург, си обезбеди место во сениорската репрезентација на Македонија и трансфер во вицепрвакот Еурофарм Работник, па може мирно да го користи летниот одмор.
Тој со понежната половина Надица замина на летување во египетското одморалиште Хургада, а престојот на африканскиот континент го искористи и за сафари низ пустината Сахара.






