Ракометарот на Металург 2, кој вториот дел од сезоната го мина во редовите на ГРК Тиквеш, Илија Мелоски денеска има роденден. Кадетскиот репрезентативец на Македонија денеска полни 19 години.
И Финецот од Рихимаен Кокс, Кале Аландер исто така е меѓу славениците. Тој денеска полни 24 години.
Исто така својот 24. роденден го прославува и Германецот од Рајн Некар, Леон Болиус.
Среќен роденден Илија, Кале и Леон!


