Денешниот список на славеници на родендени го предводи репрезентативката на Македонија. Голманката Драгана Петковска во последните години е редовно во изборот на Симовски за „чување на голот“ на националниот тим. Таа беше дел и од натпреварите против Словенија. Денеска полни 23 години.
Пивотот од Франција, кој во последната сезона ги бранеше боите на Целје, Игор Аниќ е еден од ракометарите кои денеска слават роденден. Аниќ денеска ќе наполни 32 години.
Роденден има и Швеѓанецот Хуго Свенсон, кој ги бранеше боите на екипата на Кристијанштад. Тој е далеку помлад и денеска го прославува својот 19. роденден.
И неговата сонародничка, која игра за Савехоф, Нина Дадо е меѓу оние кои имаат роденден на 12 јуни. Таа исто така како и Хуго полни 19 години.
Среќен роденден Драгана, Игор, Хуго и Нина!


