Германија со реми ги намали шансите за полуфинале на Франција

Во последниот натпревар од денешната програма Германија и Франција изиграа мирољубиво реми. Со овој резултат Германките не напредуваат на табелата, но затоа ги спречија Французинките да се борат за пласман во полуфиналето. Франција сеуште има теоретски шанси да се пласира, но Црна Гора треба да загуби од Шведска,  а Холандија да загуби од Франција во последното одлучувачко коло.
ГРУПА 2 (Хрватска, Загреб)
ГЕРМАНИЈА 24-24 ФРАНЦИЈА (13-10)
Почетно изненадување за Французинките беше новиот голман од редовите на Германија, Катја Шулке, која ја замени неприкосновената Волтеринг и во првото полувреме имаше висок процент на одбранети удари (50%). Почетните минути им припаднаа на германските репрезентативки, кои ги искористија грешките во нападот на Франција и потпомогнати од одбраните на голманот Шулке по пет минути создадоа предност од 4-0. Играта на Французинките се стабилизираше, што значеше намалување на водството на 6-4 во 13-та минута. Бројните грешки на француските ракометарки резултираа со највисокото германско водство 11-5 во 20-та минута. Заф постигна пет погодоци во пет минути и беше најголем виновник за највисоката предност од шест разлика на Германија.
Во 22-та минута Дембеле ја започна, а Пино ја заврши 5-0 серијата на Франција за намалување на предноста Германките на 11-10. Но до крај на полувремето Гешке и Стеинбах беа прецизни за конечни 13-10.
17738_5490946bb2
На полувремето Ален Порте ја прочита играта на Германките и со одлично поставена одбрана на почетокот на второто полувреме ја намали предноста на противникот. Дембеле во 42-та минута го изедначи резултатот на 18-18, а минута подоцна Минко за прв пат на натпреварот ја доведе Франција во предност од 18-19. Последните петнаесет минути преминаа во неизвесна завршница, а резултатската предност постојано се менуваше. Во последната минута Германија влезе со предност од еден гол, но Пино се избори за удар од 7-метри 15 секунди пред крај, кој го реализираше Бодуан за конечни 24-24.
Најпрецизна на натпреварот беше Енџи Гешке со девет погодоци за Германија, а во екипата на Франција Бодуан и Дембеле постигнаа по 5.
За најкорисни играчи на натпреварот беа прогласени:
ГЕРМАНИЈА: Катја Шулке
ФРАНЦИЈА: Пола Бодуан