Радичевиќ: Победи нашето лавовско срце!

Десното крило на црногорската репрезентација и Жрк Вардар, Јованка Радичевиќ со четири постигнати погодоци беше една од најзаслужните за големата победа против Холандија. Веднаш по натпреварот Радичевиќ за медиумите изјави:

Ова беше тежок натпревар но нашето лавовско срце ни донесе голема победа против силна репрезентација. Сигурна сум дека оваа холандска геренација за некоја година ќе биде во самиот врв. Тие се многу незгодна репрезентација во што се уверивме на овој натпревар, но сепак најважно е што успеавме да забележиме уште една победа. На чекор сме од Будимпешта, но нема да биде лесно. Мора да издржиме бидејки не очекува многу тежок натпревар против одличен противник. Верувам дека сме доволно силни да ја пребродиме и оваа пречка.