Крај на сезоната за Миранда Татари!

Централниот бек на хрватската репрезентација и една од клучните ракометарки во нападот на „коцкестите“ ќе мора да паузира во наредниве 6 месеци.
На натпреварот против Германија, во рамките на Европското Првенство 2014 во Вараждин, Татари заработи тешка повреда, напукнување на предните вкстени лигаменти на левото колено и беше изнесена од теренот. Лекарските прегледи само ги потврдија најлошите прогнози на хрватскиот стручен тим.
Доколку се се одвива по планот хрватската репрезентативка повторно ќе може да се натпреварува најрано за 6 месеци.
Проблем за 31 годишната ракометарка е обновената повреда на истото колено која ја спречи да настапи на Европското Првенство во Србија.
Одговорот на прашањето колку искусниот организатор на играта на Подравка може да се врати на ракометот ќе го дознаеме за неколку месеци.