Репрезентативецот на Македонија кој една сезона беше дел од екипата на Вардар, Дејан Манасков во своите коментари зборуваше за тоа дека ова не е вистинското издание на „црвено-црните“ и дека многуте повреди им задале многу проблеми.
„Вардар се соочува со огромни проблеми. Денеска тоа беше пресудно бидејќи немаат доволно играчи во ротација. Се подготвуваме за ваква игра 7 на 6. Неочекувано лесно дојдовме до победа. Греота е да се гледа Вардар воваква ситуација. Сигурен сум дека Вардар пак ќе победува откако ќе се комплетира“, изјави Манасков за 24 Ракомет ТВ.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во продолжение.


