Ракометарите на европскиот шампион Вардар ги чека петтиот натпревар во групната фаза од Лигата на шампионите и гостување кај унгарскиот гигант Веспрем.
Домаќините сигурно не го заборавиле поразот во финалето на завршниот турнир во Келн и силно посакуваат одмазда, а на вардарци им останува со новиот тренер да покажат дека поразот од Кил бил само лош ден.
Избраниците на Давид Дејвис се загреаја за дуелот против Вардар со сигурна победа над Ѓенѓеш во унгарскиот шампионат, а на последните тренинзи играа кошарка. Можеби во баскет се подобри од Вардар, ама во ракомет….










