Тимот на Баја Маре, каде што настапува македонската интернационалка Марија Штериова, славеше убедлива победа во романскиот шампионат.
Баја Маре на домашен терен го совлада составот на Залау со убедливи 24-16, а скоро половина од головите на победникот беа дело на Штериова.
Левиот бек постигна десет погодоци и беше убедливо најдобра на теренот. Баја Маре по седум кола има пет победи, едно реми и еден пораз за трето место на табелата по Валчеа и Корона Брашов.


