Среќен роденден Жоан!

Поранешниот ракометар на Вардар, кој во 2017 година ја освои титулата со „црвено-црните“, а од минатата сезона е дел од Пик Сегед, Жоан Канељас, денеска слави роденден. Еден од играчите кој играше одлично во одбраната на Вардар, денеска ќе наполни 33 години.

Роденден има и голманот на Кристијанштад, Швеѓанецот Јохан Капелин. Тој го прославува својот 36 роденден.

Словакот Оливер Рабек, кој е дел од тимот на Татран Прешов е тука со години, како и претходните двајца. Тој ќе го прослави 32. роденден.

Швеѓанецот Јеспер Нилсен од редовите на Рајн Некар денеска ќе заокружи на 30 години.

Среќен роденден Жоан, Јохан, Оливер и Јепсер!