Некогаш најдобра ракометарка во светот, Светлана Китиќ, ќе учествува во едно од српските ријалити шоуа, а единствена причина за нејзиното влегувње се парите. Таа истакна дека добила понуда која не може да ја одбие, а во овој момент парите и се неопходни.
„Ме повикаа и морам да признаам дека вистинската причина се парите. Добив понуда која не се одбива, не можам да кажувам бројки, но сигурна сум дека секој на мое место би прифатил. Знам дека ваквото шоу го извлекува најлошото од луѓето, но и најлошото во мене не е толку страшно. Имам цел, тоа се парите кои ќе ми помогнат да направам се што планирам. Сигурна сум дека нема да правам нешто што покасно скапо ќе ме чини, затоа што на тежок начин го создавав моето име и презиме“, рече Светлана Китиќ.
Китиќ со репрезентацијата на Југославија има освоено златен медал на Олимписките игри во Лос Анџелес 1984 и сребрен медал на Олимпијадата во Москва 1980.


