На 25 септември се родени неколку ракометари и ракометарки од кои дел имаат играно и во првенството на Македонија.
Голманот кој минатата сезона беше дел од екипата на Пелистер, а претходно бранеше и за Прилеп, Милош Рајичиќ денеска ќе наполни 29 години.
Роденден има и ракометарката на Металург, Сара Стефановска. Таа го прославува својот 21. роденден.
Исто така 21 година полни и Романецот од Динамо Букурешт, Мариуш Михаил Дима.
Добро познатата ракометарка од Норвешка, која настапува за тимот на Ѓер, Стине Бредал Офтедал денеска ќе го прослави својот 28 роденден.
Тука е и капитенот на ППД Загреб, Златко Хорват. Репрезентативецот на Хрватска ќе наполни 35 години.
Среќен роденден Милош, Сара, Мариуш, Стине и Златко!


