Борозан доби наследник (ФОТО)

Некогашниот ракометар на Вардар, а сегашен на Веспрем – Вуко Борозан, и покрај поразот на неговиот тим од Кил минатиот викенд во Лигата на шампионите, сепак имаше причина за радост.

Десноракиот бомбардер по втор пат во неговиот живот стана татко, а сопругата Ива на свет го донесе малиот Тодор.

Борозан три сезони беше дел од Вардар, пред лани да добие отказ од клубот.