На 6 септември се родени доста познати ракометари и ракометарки, а дел од нив го носеле и дресот на Вардар.
Билјана Црвенкоска, која минатата сезона ја мина како помошник на Роберто Парондо во првата екипа на Вардар и стигна до титулата денеска е дел од славениците. Таа денеска полни 36 години, а во моментов работи во женскиот тим заедно со Драгана Пецевска.
Роденден има и Андреа Лекиќ. Ракометарката која си замина од Вардар после растурањето на екипата која играше неколку години во серија на Ф4 турнирите, а сега игра во ЧСМ Букурешт го прославува 32. роденден.
Поранешната репрезентативка на Македонија, која одамна живее во Германија, Андријана Атанасоска исто како и Црвенкоска денеска полни 36 години.
Роденден има и ѕвездата на ПСЖ и на репрезентацијата на Франција, Лук Абало. Десното крило денеска ќе го прослави својот 35. роденден.
Нешто помлад е голманот на Шведска и на тимот на Рајн Некар, Микаел Апелгрен. Тој денеска ќе наполни 30 години.


