Среќен роденден Зорица!

Првата дама во екипатана Металург, Зорица Блажевска денеска има роденден. Претседателката на „металурзите“ е родена на 4 септември така што има повод за честење пред почетокот на новата сезона во Супер машката лига. Инаку годинава е претседателка на две екипи во машка конкуренција кои се суперлигаши.

На денешниот список има уште неколку добро познати ракометари од земји каде што ракометот исто така има висока позиција.

Михаел Кнудсен е еден од најдобрите пивоти во светот во последните две децении. Тој беше дел од сите успеси на селекцијата на Данска, а иако денеска полни 41 година уште е активен и настапува за тимот на Бјерингбро.

И неговиот сонародник Андерс Захаријасен исто така денеска слави роденден. Андерс полни 28 години. Инаку, тој е член на шампионот на Германија, Флензбург.

Голманот од Хрватска, кој беше интересен и за македонските клубови, Матеј Ашанин исто така е еден од играчите кои денеска слават роденден. Тој во моментов е дел од голот на Фризенхајм, а полни 26 години.