Ракометар на Барселона денеска може да го прослави роденденот со титула на Светското клупско првенство во Дамам. Французинот Дика Мем, полни 22 години, па ова може да му биде ден за двојно славје.
Роденден има и Аркадиуш Морито. Полјакот кој е дел од тимот на Келце го прославува исто така 22. роденден.
Данецот Ласе Сван, кој веќе 11 години е дел од екипата на Флензбург денеска ќе наполни 36 години.
И Норвежанката Хеге Локен исто така е на овој список. Ракометарката на Ларвик денеска полни 26 години.
Среќен роденден Дика, Аркадиуш, Ласе и Хеге!


