Ракометарот кој минатата сезона со Вардар освои титули во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата, Марко Мишевски во новата сезона ќе игра во Франција. Тој почнува интернационална кариера, а денеска полни 20 години.
Роденден има и Петра Поплухарова. Ракометарката од Словачка која ги брани боите на Турингер денеска ќе го прослави својот 31. роденден.
Среќен роденден Марко и Петра!


