Поранешниот европски шампион Келце ги одигра првите пријателски натпревари пред стартот на новата сезона.
Во првиот меч против германскиот третолигаш Вилхемсхафенер, Келце славеше потешко од очекувањата со 28-32. Деби на овој натпревар имаа новите засилувања на Талант Душебаев – Вулф, Карачиќ, Пеливан, Вујовиќ и Гуијо.
Поранешниот вардарец Карачиќ беше втор стрелец во екипата и постигна четири погодоци. Ако денот по утрото се познава, тогаш Хрватот ќе биде еден од лидерите на полскиот тим.
Келце славеше и на втората контрола над холандскиот првак Волендам со убедливи 35-15, а Карачиќ беше стрелец на три погодоци.


