Среќен роденден Никола!

Ракометарот кој за време на паузата меѓу две сезони од Словачка се пресели во Австрија, Никола Костески денеска слави роденден. Костески во новата сезона ќе ги брани боите на Линц, а денеска ќе наполни 27 години.

Роденден има и Шпанецот Педро Родригез. Тој после три години минати во Пик Сегед, во новата сезона ќе ги брани боите на Балатонфуреди. Денеска полни 29 години.

Словенецот Грегор Поточник исто така го смени клубот. Од ППД Загреб се пресели во Чурго во Унгарија. Поточник го слави својот 27 роденден.

И Наја Христијансен од Данска, која е член на Копенхаген е меѓу оние кои слават роденден. Таа полни 19 години.

Среќен роденден Никола, Педро, Грегор и Наја!