Ракометарката која остави длабока трага во тимот на Кометал Ѓорче Петров, но и во репрезентацијата на Македонија, Олга Бујанова денеска слави роденден. Таа ја заврши својата кариера во 2009 и оттогаш е надвор од ракометот. Денеска Бујанова полни 43 години, а пред неколку месеци во интервју за 24Ракомет изјави дека за година или две може одново да се најде на терените како тренер.
Своето полнолетство денеска ќе го прослави ракометарка на Вардар, Кети Ангеловска.
Германката Ина Гросман која игра за тимот на Турингер, пак, го прославува својот 29 роденден.
Среќен роденден Олга, Кети и Ина!


