Струга доби големо засилување, потпиша Јован Талевски

Тимот на Струга е решен претстојната сезона да стигне до разигрувањето за титулата во македонскиот шампионат.

Веќе се склопува играчкиот мозаик, а првата коцка е потписот на некогашниот младински репрезентативец Јован Талевски.

Средниот бек беше лидер и далеку најдобар поединец на струшката екипа на натпреварите од Струшкиот турнир, па стратегот Илија Темелковски ќе го има и официјално на располагање за следната сезона.

Талевски потекнува од Вардар, беше дел од Вардар Јуниор и Прилеп, а настапуваше три сезони за турскиот Јозгат Бозокспор.