Ракометарот кој беше дел од шампионскиот Вардар во 2017 година, Алекс Душебаев денеска стана татко, па ракометното семејство стана побројно.
Добро е познато дека Алекс е син на Талант Душебаев, а во моментов се во тимот на Келце. Покрај Талант кој е тренер на овој тим, таму е и братот на Алекс, Даниел.

Со денешната принова семејството Душебаеви стана побројно, па сигурно талентот за ракомет нема да изостане бидејќи тој е во нивната ДНК.


