Среќен роденден Дејан!

Ракометарот кој сезонава ќе биде дел од тимот на Вардар, а досега играше за Вардар јуниор, Дејан Кукуловски денеска прославува роденден. Играчот кој минатото лето беше во составот на Македонија за ЕХФ-шампионатот, денеска ќе наполни 21 година.

Роденден има и Норвежанецот од Кил, Харалд Рајнкинд. Тој го прославува 27. роденден.

И соиграчот на Лазаров во Нант, Давид Балагер е меѓу славениците. Шпанецот денеска полни 28 години.

Лев Шухарев од Унгарија, кој е играч на Веспрем е меѓу помладите. Тој полни 19 години.

И Кубанецот кој игра за Спортинг Педро Ватија Валдез денеска слави и тоа 25. роденден.

Поранешната соиграчка на Сара Ристовска во Крим, ракометарката од Словенија. Ана Зримшек е дел од денешниот список на славеници на роденден. Таа денеска ќе наполни 24 години.

Среќен роденден Дејан, Харалд, Давид, Лев, Педро и Ана1