Лазаров и Нант победнички против Адемар Леон

Тимот на Нант игра одлично во подготвителниот период за новата сезона и победите низ Германија, славеше и на пријателскиот натпревар против шпанскиот Адемар Леон одигран во Португалија со 27-32.

Пивотменот Николас Турна беше најефикасен на средбата со седум постигнати погодоци, додека Кире Лазаров и Оливие Њокас беа втори стрелци со пет голови.

Во следниот натпревар, Лазаров и Нант ќе го тестираат ривалот на Вардар во Лигата на шампионите – португалскиот првак Порто.