Последниот натпревар од вториот ден на ракометниот турнир „Струга 2019“ им припадна на грчките ракометари, А.Е.К. Атина го совлада претставникот од Шведска Гуиф Ескилстуна со 31-30 и се пласираше во финалето на 47. издание на најстариот македонски ракометен турнир.
На самиот почеток А.Е.К. постигна два погодоци и ја презема контролата над резултатот, но на средина на првиот дел Швеѓаните го свртеа натпреварот во своја корист и дојдоа до предност од 8-6. Сепак ракометарите на Рогановиќ не го искористија моментумот и наместо да фатат свој ритам им дозволија на Грците да останат во игра. На семафорот резултатот беше изедначен до 25. минута (13-13) кога А.Е.К. повторно обезбеди два гола предност, а до крајот на полувремето ја зголеми на „плус пет“ или 14-19.
По паузата Швеѓаните започнаа помотивирано, а разликата до 40. минута се истопи на минимален гол (22-23). Гуиф на средина на вториот дел го изедначи резултатот, но контролата над играта беше во рацете на атињани. Тие ја задржаа минималната предноста до самиот крај на натпреварот и славеа со резултат 30-31.
Листата на стрелци кај А.Е.К. ја предводеше одличниот Ларс Јакобсен со 8 погодоци, расположениот пивотмен Игнацио Плаза Хименез постигна 7. Кај Швеѓаните најрасположен за игра беше Ерик Јохансон со 8 погодоци.


