Вчера по натпреварот меѓу домаќинот Струга и српскиот Пролетер Зрењанин, беше свечено отворен 47-миот меѓународен ракометен турнир.
На отвореното игралиште покрај „Женска Плажа“ до сабота ќе продефилираат шест тимови, три македонски и три странски.
Покрај домаќинот, тука се Еурофарм Работник и Бутел, додека од странските се српскиот Пролетер, потоа шведската Ескилстуна Гуиф и грчкиот АЕК Атина.

На отворањето се обратија директорт на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, како и претседателот на турнирот Наумче Мојсовски. По формалниот дел и претставување на екипите публиката ја забавуваше локална танцова група од Струга, а потоа беше интонирана македонската химна во изведба на Бени Шаќири.

По првиот натпреварувачки ден Струга и А.Е.К. ги обезбедија првите бодови со победите над Пролетер односно Бутел. Утрешната програма продолжива во ист термин од 18:30 а на теренот покрај Охридското езеро ќе се појават Еурофарм Работник и Пролетер, за потоа од 20:00 денот да го затворат Ескилтстуна и А.Е.К.. 24Ракомет и оваа година е медиумски партнер на струшкиот турнир.


