Капитенот на младинската женска репрезентација на Македонија која во 2003 година беше домаќин на Светското првенство и го освои 8. место, Даниела Новеска денеска слави роденден. Новеска која веќе неколку години е надвор од терените денеска полни 36 години.
Таа во својата кариера играше за тимовите на Еуростандард Ѓорче Петров, Кометал Ѓорче Петров, Металург, Твин Тргоцентар Вировитица од Хрватска и Турингер од Германија. Кариерата ја заврши како играч на Металург.
Среќен роденден Даниела!


