На 47. издание од Струшкиот турнир ќе учествуваат шест екипи од кои три се од домашната Супер лига, а по една од Србија, Грција и Шведска. Од овој турнир ќе има и ТВ преноси. Со оглед на тоа што секој ден има по два меча, еден од нив ќе оди во преност на ТВ 24.
Според она што е најавено првиот ден на турнирот на 14 август во пренос оди мечот меѓу Струга и Пролетер. Следниот ден ќе може да се следи дуелот меѓу Еурофарм Работник и Пролетер, додека в петок на 16 август ќе биде емитуван пренос од средбата меѓу Ескилстуна Гуиф од Шведска и Аек од Грција.
В сабота на 17 август кога ќе заврши турнирот во пренос ќе одат два натпревари. Првиот ќе биде за 3. позиција, а вториот финалето.
На тој начин од вкупно девет меча пет ќе одат во пренос на ТВ 24.


