На селекцијата на Србија и се случи речиси истото што и се случи и на Македонија синоќа против Аргентина. Србите денеска на крајот беа поразени од Португалија така што останаа без бодови во меч во кој беа во предност во најголемиот дел од средбата.
Србите играа одлично од почеток. Одработија супер средба, но не можеа да издржат до крај. На паузата имаа и плус четири, а најголемото водство беше седум гола. Сепак, на крајот се радуваа Португалците кои дојдоа до пресврт во вториот дел од средбата. Тие успеаја да дојдат до позитивен резултат, а со двата бода практично си обезбедија и место во осминафиналето откако вчера славеа против уште еден кандидат за пласман понатаму Германија.
За Србија ова беше значаен дуел бидејќи со нова победа можеа да бидат мирни во продолжението од првенството.
ГРУПА Д
ТУНИС – ГЕРМАНИЈА 15:36 (10:15)
БРАЗИЛ – ИСЛАНД 26:30 (15:18)
ПОРТУГАЛИЈА – СРБИЈА 22:21 (7:11)
ДВОЈКИ ЗА 3. КОЛО (ПЕТОК, 9 АВГУСТ)
10:30ч
ИСЛАНД – ПОРТУГАЛИЈА
12:30ч
ГЕРМАНИЈА – СРБИЈА
14:30ч
ТУНИС – БРАЗИЛ
ТАБЕЛА: 1. Исланд 4 бода (+9); 2. Португалија 4 (+8); 3. Германија 2 (+14); 4. Србија 2 (+5); 5. Бразил 0 (-10); 6. Тунис 0 (-26).


