Лазаров ги надитри „лисиците“ и си освои трофеј

Тимот на Нант го освои Шпаркасе Купот, еден од многуте со исто име поради главниот спонзор што од минатиот викенд веќе ја започнаа да се играат на германско тло.

Во Ехинген, Нант беше подобар од составот на Фуксе Берлин со 26-23. Македонскиот капитен Кире Лазаров беше меѓу најдобрите стрелци кај победникот на овој дуел и постигна четири погодоци.

За тимот од Берлин настапија и поранешните вардарци Мијајло Марсениќ, како и голманот Дејан Милосављев, кој не доби голема минутажа.