Марко Мишевски се сели во Франција?

Поранешниот ракометар на Вардар, Марко Мишевски, за првпат во својата кариера би можел да стане интернационалец.

Тој се наоѓа пред трансфер во тимот Гренобл, кој ќе настапува во втората по ранг конкуренција во Франција.

Мишевски потекнува од редовите на македонскиот и европскиот првак, а подолго време го носеше дресот и на Вардар Јуниор.

Тој во потрага по минутажа  си замина од „црвено-црниот“ тим пред стартот на подготовките за новата сезона.