Некогашниот најдобар стрелец на Металург потпиша за Гумерзбах

Десниот бек на австриската репрезентација, Јанко Божовиќ, потпиша договор на една година со тимот на Гумерзбах и ќе биде замената за Иван Мартиновиќ кој замина во Хановер.

Божовиќ е поранешен ракометар на Металург и беше најдобар стрелец во сезоната 2015/2016 што му беше единствена во македонскиот тим.

Тој потекнува од Вест Виен, а во кариерата 34-годишниот Австриец со балкански корени играше и за норвешкиот Нит Хак, Ла Коруња, Фуксе Берлин, Дунафер, Касарано, Слован, Фризенхајм, Мешков Брест, Ал Рајан, а последната сезонаја мина во Емстеден.