Францускиот шампион ПСЖ ги започна подготовките за претстојната сезона под водство на некогашниот вардаров тренер, Раул Гонзалес. Освен физички подготовки тие веќе започнаа да работат и со топка.
Во видеото кое го објавија од клубот може да се забележи дека тимот е во полн состав заедно со засилувањата. Играчите не само што тренираат за физичка кондиција туку и работат на тактитка со топка. Освен тоа, тие минуваат и најразлични тестови за нивната физичка подготвеност.
Како изгледа сето тоа на тренинзите на ПСЖ погледнете во следното видео…


