Среќен роденден Тимур!

Една од најголемите ѕвезди на екипата на Вардар, Тимур Дибиров денеска ќе прослави роденден со што на убав начин ќе влезе во подготовките за новата сезона. Тимур денеска ќе наполни 36 години.

Роденден има и пивотот на Металург и на репрезентацијата на Македонија, Филип Арсеновски. Тој денеска полни 21 година.

Исланѓанецот кој е дел од тимот на Кил, Торгеир Гисли Кристијансон го прославува 20. роденден.

Тео Вестерлуд, Финецот кој игра за Рихимаен Кокс денеска полни 23 години.

Колегата на Талески од Рајн Некар, Германецот Рико Келер го прославува 22. роденден.

Исто така 22 години полни и Романката која играше за ЧСМ Букурешт, Бјанка-Марија Базалиу.

Поранешната вардарка, Русинката Алена Ихнева денеска ќе наполни 24 години.

Среќен роденден Тимур, Филип, Торгеир, Тео, Рико, Бјанка-Марија и Алена!