Среќен роденден Ангела и Ива!

Репрезентативката на Македонија во кадетска и младинска конкуренција, Ангела Јанкуловска денеска ќе го прослави својот роденден, а таа полни 17 години. Се работи за ракометарка која настапува во редовите на Пелистер.

Исто така 17 години ќе наполни и ракометарката на Вардар, Ива Јаковчевска.

Норвежанецот од Елверум, Аудун Рораген е исто меѓу славениците. Тој денеска полни 21 година.

Словакот Мартин Криж, минатата сезона беше клупски колега со Никола Костески во вториот дел од сезоната во тимот на Татран Прешов. Тој го прославува 22 роденден.

Ракометарката од Полска, која настапува во редовите на Мец, Александра Цух денеска ќе наполни 26 години.

Французинката која игра во истиот клуб, Марион Маубон денеска ќе го прослави својот 30. роденден.

Среќен роденден Ангела, Ива, Аудун, Мартин, Александра и Марион!