Голманката која е дел од тимот на Ница, а брани за младинската репрезентација на Македонија, Јована Мицевска денеска има роденден. Јована минатата година замина од Вардар во првенството на Франција каде што полека стекнува сè поголемо искуство. Таа денеска полни 19 години.
Исто како вчера и денеска списокот на славеници го отвора ракометар од Романија кој игра за екипата на Динамо Букурешт. Се работи за Флорин Акатринеи, кој денеска ќе наполни 30 години.
Ракометарката од Србија која го носи дресот на Брест, Слаѓана Пол-Лазиќ, денеска ќе наполни 31 година.
Полнолетството ќе го прослави Германката Леони Патора. Таа е ракометарка на новиот шампион на Германија, Битигхајм.
Среќен роденден Јована, Флорин, Слаѓана и Леони!


