Едно од новите засилувања за Вардар е македонскиот репрезентативец Димитар Димитриоски, кој заедно со Тимур Дибиров ќе ја покрива левата крилна позиција.
За Димитриоски е голем предизвик да се носи дресот на европскиот шампион, против кој има одиграно многу натпревари.
„Голема е честа да се носи дресот на европскиот првак, но и обврска за сите нас кои сме новодојдени да ја оправдаме довербата“, вели прилепчанецот.
Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…


